Белата куќа соопшти дека од први август годинава сите генерички лекови што се увезуваат во САД во наредните две години ќе бидат ослободени од царини, по што ќе следи зголемување на царините од 100 насто, а следната година од 200 насто.
Целта на оваа мерка е враќање на прозиводството на генерички лекови во САД, со санкционирање на компаниите кои во предвидениот рок нема да изградат производствени погони и не набават потребна опрема во САД.
Целта на оваа политика е зајакнување на капацитетот на американското фармацевтско производство.
Слични новости
Илјадници работници на „Ербас“ во Шпанија го продолжија штрајкот
Европскиот произведувач на авиони има околу 14.000 вработени во Шпанија. „Ербас“ има осум локации во Шпанија на кои прозиведува воени транспортни авиони, делови за комерцијални авиони и сателити.
Германската индустрија очекува силно опоравување на извозот
Вредноста на индикаторите кои ги мерат очекувањата на извозниците порасна од јулските минус 2,8 поени, на плус 9,6 поени, што е највисока бројка уште од почетокот на војната во Украина во февруари 2022.
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.


