Од денеска САД ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Командата ЦЕНТКОМ соопшти дека од 10 часот ќе биде блокиран целиот поморски сообраќај кон иранските пристаништа.
Блокадата ќе се спроведува „непристрасно“ за бродови од сите држави. Истовремено, ќе се овозможи слободна навигација за бродовите што транзитираат низ Ормуска Теснина кон пристаништа кои не се наоѓаат во Иран.
Трамп изјави дека американската морнарица ќе пресретнува бродови што му плаќаат такси на Иран за користење на теснината, нагласувајќи дека „никој што плаќа нелегален надомест нема да има безбеден премин“.
Целта на оваа мерка е да се спречи Иран да наплаќа транзитни такси и да се намалат неговите приходи од нафта.
Слични новости
Израел го нападна Хезболах во Либан, над 30 мртви и стотици повредени во Бејрут
Според Министерството за здравство на Либан, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинаа 31 лице, а 149 се повредени.
Орбан и Фицо на заеднички фронт поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави консултаци со словачкиот премиер Роберт Фицо поради блокадата на транзитот на нафтата низ нафтоводот „Дружба“...
Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Украинскиот претседател Володијмир Зеленски изјави дека следната рунда преговори со Русија „најверојатно“ ќе се одржи во Абу Даби на почетокот на март.


