Од денеска САД ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран.
Командата ЦЕНТКОМ соопшти дека од 10 часот ќе биде блокиран целиот поморски сообраќај кон иранските пристаништа.
Блокадата ќе се спроведува „непристрасно“ за бродови од сите држави. Истовремено, ќе се овозможи слободна навигација за бродовите што транзитираат низ Ормуска Теснина кон пристаништа кои не се наоѓаат во Иран.
Трамп изјави дека американската морнарица ќе пресретнува бродови што му плаќаат такси на Иран за користење на теснината, нагласувајќи дека „никој што плаќа нелегален надомест нема да има безбеден премин“.
Целта на оваа мерка е да се спречи Иран да наплаќа транзитни такси и да се намалат неговите приходи од нафта.
Слични новости
Израел: Војната со Иран може да трае долго
Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека војната со Иран може да трае долго и ги повика офицерите да се подготват за продолжен конфликт.
Експлозија во синагога во Белгија
Во синагогата во белгискиот град Лиеж рано утринава се случи експлозија во која нема повредени. Белгиските медиуми пренесуваат дека е причинета материјана штета врз синагогата.
Иран покрена нов бран ракетни напади со порака за лојалност кон новиот водач
Иран започна нов бран напади со ракети и дронови на течно и цврсто гориво, меѓу кои се ракетите „Хорамшахр“, „Фатах“ и „Хеибар“. Иранците кои се шиити, нападите главно ги насочија кон сунитски земји.


