САД наредија повлекување на дел од дипломатскиот персонал и на нивните семејства од Саудиска Арабија и подготвуваат слични мерки во другите земји од Персискиот Залив. Одлуката доаѓа поради сè пожестоките напади од страна на Хутите од Јемен и стравувањата од понатамошно ширење на конфликтот на Блискиот Исток.
Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, ја потврди одлуката, која се однесува на Саудиска Арабија, нагласувајќи дека се однесува на вработените кои не се за вонредни ситуации и членовите на нивните семејства. Тој не потврди дали истите мерки веќе стапиле на сила во други земји.
Пигот објасни дека одлуката е последица на интензивирањето на нападите на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија.
Повлекувањето на дипломатите е особено значајно бидејќи Вашингтон постепено го враќа персоналот во дипломатските мисии од кои вработените беа евакуирани по почетокот на американско-израелската војна против Иран кон крајот на февруари.
Новата одлука покажува дека американските власти ги преиспитуваат безбедносните ризици за својот персонал во регионот, но тоа не значи дека е донесена одлука за нова американска воена операција.
Слични новости
Трамп се правда поради изјавите за бомбардирање на Лос Анџелес и Сан Диего
Во објавата на неговата социјална мрежа „Truth Social“ Трамп ги обвини медиумите кои ги нарече „лажни вести“ дека намерно ги претставуваат неговите изјави во погрешно светло.
САД: Дозволата за работа странските студенти би можела да ги чини 70.000 долари, наместо досегашните 500
Мерката е дел од пошироката кампања на претседателот Доналд Трамп насочена кон странците со работни визи. Се очекува мерката на американската влада, како и сите други контроверзни мерки досега да биде оспорена на суд.
Иранците погодија танкер со повеќе ракетни проектили северно од Катар
Потврдено е дека танкерот бил погоден со повеќе проектили, а пријавено е и дека има голем број на повредени. Властите на Катар покренаа истрага за нападот во нивните територијални води.


