Соединетите држави и Украина изработиле „дополет и доработен мировен план“ за завршување на војната против Русија, според заедничкото соопштение на двете земји објавено по разговорите во Женева, на кои учествувале и европски претставници.

Се чини дека двете страни го изготвиле планот врз основа на претходниот план изготвен од американската влада, кој Киев и неговите сојузници го сметале за премногу поволен за Москва, според Reuters.

Во заедничкото соопштение објавено по разговорите на американските и украинските делегации во Женева, двете страни изјавија дека одржале „исклучително продуктивни“ разговори, додавајќи дека ќе ги продолжат во наредните денови. Тие не открија детали за голем број спорни точки што мора да се решат, вклучително и прашањето за безбедносните гаранции за Киев.

Белата куќа во посебно соопштение соопшти дека новата верзија на мировниот план вклучува посилни безбедносни гаранции и дека украинската делегација изјавила дека новиот план „ги одразува нивните национални интереси“. Украинските претставници не издадоа посебно соопштение и не беа веднаш достапни за коментар, објави Reyters.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги води разговорите, во неделата изјави дека е „многу оптимистичен“ во врска со можноста за постигнување договор за Украина „многу наскоро“.

Страните вклучени во разговорите постигнаа значителен напредок, рече Рубио, истакнувајќи дека претседателите исто така ќе мора да се согласат за конечен договор и дека сè уште има неколку прашања на кои треба да продолжат да работат.

Делегациите ќе продолжат да работат на мировниот план во понеделник, изјави американскиот државен секретар во неделата, истакнувајќи дека дискусиите траат веќе три седмица, но значително се забрзале во последните четири дена.

Според два добро информирани извори, американските и украинските претставници наводно разговараат за можна посета на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон оваа седмица за да разговараат за мировниот план со претседателот Трамп, но сè уште нема потврден датум.

globe

Слични новости

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа

Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев