САД и Русија разговараат за можно враќање на американските компании на рускиот нафтен пазар, во рамките на поширокиот дијалог кој е насочен кон окончување на војната во Украина, изјавија американски официјални лица за Фајненшал тајмс.

Претставниците на претседателот Доналд Трамп разговарале и за економска рамка и потенцијални можности за соработка со Русија по окончување на војната со Украина, но сеуште нема конечни договори.

Москва на овие деловни аранжмани гледа како поттик на Трамп да ги нормализира односите со Русија и пред окончување на војната.

Белата куќа и Кремљ навестија дека би можел да биде обновен и заедничкиот потфат на американските и руските нафтени гиганти кај брегот на островот Сахалин на далечниот исток.

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.