САД и Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии се основа на успешна демократија, траен просперитет и безбедни заедници. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер на денешниот настан организиран од Министерството за финансии „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Македонија“, на беше претставена досегашната и идна соработка помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД.

-Оваа специјална програма меѓу Трезорот на САД и Владата на Македонија, поконкретно Министерството за финансии, започна во 2022, но соработката започна многу порано. Денес оваа програма стана втора по големина на американското Министерство за финансии во светот. Напорите се насочени во пет критични области: Управата за јавни приходи, финансирање во инфраструктурата, банкарски и финансиски услуги, буџетска одговорност и борба против економскиот криминал, истакна Агелер.

Агелер нагласи дека успехот на ова партнерство е сведоштво за нашите споделени заложби и отворена средина за соработка поттикната од Министерството за финансии.

„Министерке, програмата забави малку во последните неколку години, како што ние го оценивме од двете страни на Атлантикот влијанието и вистинскиот потенцијал на ова партнерство. Сакам лично да ви се заблагодарам за вашата непоколеблива заложба и поддршка за нејзино продолжување. Поради вас, ние градиме посилни институции, поефикасен фискален менаџмент и креирање појасни и пофер правила коишто им даваат доверба на бизнисите и инвеститорите да ја прошират дејноста“, рече Агелер.

Американската амбасадорка посочи дека ееформите ќе помогнат во диференцирањето на финансиите, проширување на капиталните пазари и намалување на зависноста од надворешни долгови.

„Со работење заедно придонесуваме нашите земји да бидат побезбедни, посилни и попросперитетни. И исто така поставуваме основи за посветла иднина за идните генерации“, заклучи Агелер.

Претходно министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека ова партнерство не е само поддршка, туку долгорочен процес на јакнење на институциите, зголемување на експертизата и создавање модерни системи кои ќе обезбедат предвидливи, одговорни и транспарентни јавни финансии.

Таа, осврнувајќи се на соработката со Министерството за финансии на САД преку нивната Канцеларија за техничка помош (ОТА), рече дека соработката со Tрезорот на САД во делот на секторите Буџет и Трезор има длабоки корени и дека нашиот систем за буџетско планирање бил првично развиен со техничка помош од САД во периодот од 2004 до 2008 година и претставува основа врз која денес градиме современо управување со јавните финансии.

globe

Слични новости

Најстудено утрово во Берово и Петровец

Најстудено утрово во Берово и Петровец

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва повторно апелира пратениците да ја потпишат предлог-резолуцијата поднесена од неговата партија за да се елиминираат, како што истакна, сите сомнежи за примање мигранти од Велика Британија во Македонија.