Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Шјајцарија се одвиваа во позитивна и конструктивна атмосфера, а техничките резговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во Швајцарија, се вели во заедничкото соопштениет на Катар и Пакистан, кои беа посредници во преговорите.

Делегациите на високо ниво го договорија патот кон постигнување конечен договор во рок од 60 дена.

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи изјави дека санкциите за нафтата на неговата земја се укинати, а дел од замрзнатите финансиски средства се ослободени.  Тој рече и дека е започнат „план за реконструкција и развој“, објавија американските медиуми.

 Договорено е исто така да се  формира Комитет на високо ниво за надгледување на медијацијата и „комуникациска линија“ за Ормутскиот теснец.

 За едно од најгорливите прашања Либан, договорено е САД и Иран да создадат „деконфликтна зона“, олесната од Катар и Пакистан. Борбите меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран, се клучна пречка за договор, при што Техеран инсистира смртоносните израелски напади  да престанат.

 

 

Слични новости

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Расте билансот на жртви во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Според привремената претрседателка на земјата, Делси Родригез во ажурираниот извештај се евидентирани најмалку 164 загинати луѓе и, речиси, 1.000 повредени.

Цената на сировата нафта падна под 70 долари за барел

Цената на сировата нафта падна под 70 долари за барел

Цените на нафтата и денеска паѓаат, а цената на сировата нафта после долго време падна под 70 долари за барел. Денеска на берзите сировата нафта се продаваше за 69,4 долари за барел, а нафтата „Брент“ се продаваше за 72,6 долари за барел.