САД соопштија дека викендов извеле напади врз ирански воени цели, додека Техеран тврди дека возвратил со напад врз американска воена база. Ова претставува трета позната ескалација во последната недела во областа на Ормутскиот Теснец, пренесува Би Би Си.

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нападите биле изведени во „самоодбрана“, како одговор на, како што наведува, „агресивни дејствија на Иран“, меѓу кои и соборување на американски дрон над меѓународни води.

Од друга страна, Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека нападнала воздушна база што американските сили ја користеле за напади врз јужен Иран, без да ја открие точната локација.

Во меѓувреме, Кувајт, каде што се наоѓа американска воена база, соопшти дека неговите системи за противвоздушна одбрана пресретнуваат „непријателски ракетни и беспилотни напади“, без дополнителни детали.

 

 

Слични новости

Иран без клучен стратег во војната по убиството на Али Лариџани

Лариџани не беше воен командант, но играше централна улога во обликувањето на стратешките одлуки на Иран. Тој беше на чело на донесувањето одлуки за војната, дипломатијата и безбедноста, особено во односите со САД и Израел

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона