Американската администрација и даде рок до 4 јули на ЕУ да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа.
Ова Трамп телефонски и го кажал на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а разговорот со претседателката на ЕК го оцени како „одличен“
Во меѓувреме американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон.
Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници.
Слични новости
Русија заработи 6 милијарди долари од двете недели војна во Иран
Русија заработи дополнителни 6 милијарди евра за две недели борби меѓу САД и Иран, покажа анализа од 12 март на Центарот за истражување на енергијата.
САД привремено дозволија да се купува руска нафта
Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
Европските берзи и денеска во пад
Европските берзи и денеска бележат главно негативни резултати, пред се како последица на војната на Блискиот исток.


