Американската администрација и даде рок до 4 јули на ЕУ да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа.

Ова  Трамп телефонски и го кажал на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а разговорот со претседателката на ЕК го оцени како „одличен“

Во меѓувреме американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон.

Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници. 

 

Слични новости