Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп.

Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената, бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот.

Демократите се спротивставија на значителното зголемување на средствата за Пентагон, оценувајќи дека тоа доаѓа во период кога се кратат буџетите за социјалните програми.

Меѓу одредбите што предизвикаа критики е и клаузулата со која значително се проширува американско-израелската соработка во областа на воените технологии, и покрај повиците на дел од американската јавност за намалување на поддршката за Израел поради големиот број палестински жртви во израелските напади врз Појасот Газа.

 

Слични новости

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.