Соединетите Американски Држави издадоа општа дозвола во траење од 30 дена со која се овозможува привремен пристап до руската нафта блокирана на поморските патишта, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.

Бесент на социјалната мрежа Икс наведе дека потегот ќе им овозоможи дополнителна флексибилност на државите кои се соочуваат со енергетски проблеми и дека Вашингтон, по потреба, ќе издава и специјални дозволи.

Како што истакна Бесент, целта на мерката е стабилизирање на глобалниот пазар на сирова нафта и обезбедување испораки за земјите кои се најмногу погодени од енергетската криза.

Слични новости