САД утринава спроведоа нова рунда воздушни удари врз Иран, откако беше потврдено загинувањето на уште еден американски војник. Иран возврати со со напади врз Бахреин каде што се наоѓа петтата флота на американската воена морнарица и врз Кувајт.
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Обете страни денеска гаѓаа цивилна инфраструктура од која зависат милиони луѓе, а цената на референтната нафта Брент денеска порасна на над 90 долари за барел, поттикнувајќи ја глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтот во Перисискиот залив.
Иранската Револуцинерна гарда тврди дека извршила напади врз танкери во Ормутскиот теснец, а еден танкер се запалил на рутата која ја препорача американската војска за да се избегне иранската контрола.
Трамп сезакани дека Американците ќе ги гаѓаат иранските електрани и мостови за да се натера Иран да попушти за комерцијалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец и најновите напади навестуваат дека американската војска го спроведува овој план.
Во текот на минатата недела САД повторно воведоа и поморска блокада на иранските пристаништа за да ја запрат иранската испорака на нафта.
Слични новости
Русија изведе нови напади врз Киев со голем број на загинати и повредени
Русија изврши нов масовен напад со ракети и дронови врз Киев во кој загинаа 14 луѓе, а 27 се повредени, соопшти украинската служба за вонредни ситуации. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека се хоспитализирани 15 луѓе, од кои четворица во критична состојба.
Уганда прогласи крај на епидемијата од ебола
Последниот пациент заболен од ебола бил пуштен од болница во Уганда на 16 јули, со што почнува одбројувањето од 42 дена, по кое според Светската здравствена организација, земјата може да биде прогласена за слободна од вирусот.
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами
Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.


