САД утринава спроведоа нова рунда воздушни удари врз Иран, откако беше потврдено загинувањето на уште еден американски војник. Иран возврати со со напади врз Бахреин каде што се наоѓа петтата флота на американската воена морнарица и врз Кувајт.
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Обете страни денеска гаѓаа цивилна инфраструктура од која зависат милиони луѓе, а цената на референтната нафта Брент денеска порасна на над 90 долари за барел, поттикнувајќи ја глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтот во Перисискиот залив.
Иранската Револуцинерна гарда тврди дека извршила напади врз танкери во Ормутскиот теснец, а еден танкер се запалил на рутата која ја препорача американската војска за да се избегне иранската контрола.
Трамп сезакани дека Американците ќе ги гаѓаат иранските електрани и мостови за да се натера Иран да попушти за комерцијалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец и најновите напади навестуваат дека американската војска го спроведува овој план.
Во текот на минатата недела САД повторно воведоа и поморска блокада на иранските пристаништа за да ја запрат иранската испорака на нафта.
Слични новости
„Фајненшал тајмс“ : Трамп заробен меѓу војната и договорот со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп мора да бира меѓу продолжување на војната со Иран или прифаќање на договор кој во голема мерка би бил постигнат под условите на Техеран, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на извори во администрацијата во Вашингтон.
Раст на еропските индекси, нафтата Брент на 80 долари
Европските индекси денеска се во пораст, а цената на нафтата Брент се движи околу 80 долари за барел. На пазарите владее оптимизам за скорешен договор меѓу САД и Иран.
Бродскиот сообраќај во морските теснеци Ормуз и Баб ел Мандеб намален, но стабилен
Низ Ормутскиот теснец во текот на вчерашниот ден поминаа осум бродови од кои пет танкери и три товарни брода, што е идентично со интензитетот на пловидба претходниот ден, јавува Ројтерс.

