САД утринава спроведоа нова рунда воздушни удари врз Иран, откако беше потврдено загинувањето на уште еден американски војник. Иран возврати со со напади врз Бахреин каде што се наоѓа петтата флота на американската воена морнарица и врз Кувајт.

Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Обете страни денеска гаѓаа цивилна инфраструктура од која зависат милиони луѓе, а цената на референтната нафта Брент денеска порасна на над 90 долари за барел, поттикнувајќи ја глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтот во Перисискиот залив.

Иранската Револуцинерна гарда тврди дека извршила напади врз танкери во Ормутскиот теснец, а еден танкер се запалил на рутата која ја препорача американската војска за да се избегне иранската контрола.

Трамп сезакани дека Американците ќе ги гаѓаат иранските електрани и мостови за да се натера Иран да попушти за комерцијалниот сообраќај низ Ормутскиот теснец и најновите напади навестуваат дека американската војска го спроведува овој план.

Во текот на минатата недела САД повторно воведоа и поморска блокада на иранските пристаништа за да ја запрат иранската испорака на нафта.  

 

 

Слични новости

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.