Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 насто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 проценти за увозот од Кина, и порача дека ниту една од трите земји не може да направи ништо за да ја одложи одлуката за царините.

Трамп ја спомена можноста за исклучок за нафтата од Канада, наведувајќи дека царината за тој производ ќе биде 10 проценти, а најави и дека кон средината на февруари ќе бидат воведени повисоки царини за нафтата и природниот гас, што доведе до зголемување во цената на нафтата, јавија британските медиуми.

Американскиот претседател објасни дека овие цени ќе важат додека земјите не преземат поголеми мерки за намалување на протокот на мигранти и фентанил преку американската граница.

Економистите проценија дека високите царини би можеле да ја нарушат економската активност ширум светот. Американскиот претседател најави нови царини за европските производи, како челикот, алуминиум, бакар и полупроводниците.

Од повисоките цени на бензинот, во продавниците и кога купувате преку Интернет, тарифите се прелеваат во економијата и на крајот им штетат на потрошувачите и бизнисите од двете страни на границата, посочи шефот на одделот за политика на кандската стопанска комора Метју Холмс.

Потегот на Трамп може да ја наруши годишната трговија од 2,1 трилиони долари со трите главни трговски партнери на САД.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера рече дека Канада веднаш ќе одговори со силни контрамерки, додавајќи дека Канаѓаните би можеле да се соочат со „тешки времиња во наредните денови и недели“.

И Кина вети дека ќе одговори и порача дека силно се спротивставува на новите царини на Трамп. Нема победник во трговската или тарифната војна, што не е во корист на ниту една страна, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон

 

 

 

Слични новости

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот на меѓународните пазари под 76 долари, откако САД и Мексико најавија разговори непосредно пред планираното воведување царини, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето