САД пресретнаа и запленија товарен брод под иранско знаме кој се обидел да ја пробие американската поморска блокада, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој соопшти дека бродот бил предупреден да запре во Оманскиот Залив, но откако одбил, американската морнарица интервенирала и го онеспособила, по што бродот бил ставен под американска контрола.
Ова е прво такво пресретнување откако минатата недела започна блокадата на иранските пристаништа.
Веста ја доведе во прашање претходната најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека американските преговарачи ќе се упатат кон Пакистан денеска на уште една рунда разговори со Иран и веднаш ја крена цената на нафтата на светските берзи. Кревкото примирје меѓу САД и Иран истекува во среда.
Слични новости
Иран делумно го отвори воздушниот простор
Иран денеска делумно го отвори својот воздушен простор за меѓународни летови кои минуваат низ источниот дел од територијата на земјата. Техеран официјално соопшти дека „воздушните рути во источниот дел на земјата се отворени за летови кои транзитираат низ Иран“.
САД одобрија продажба на оружје во вредност од 10 милијарди долари за Германија
Одобрението, како што наведува Вашингтон е дел од зајакнувањето на капацитетите на НАТО сојузниците, пренесе германскиот весник „Шпигл“.
Нови руски удари во Украина
Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.


