САД пресретнаа и запленија товарен брод под иранско знаме кој се обидел да ја пробие американската поморска блокада, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој соопшти дека бродот бил предупреден да запре во Оманскиот Залив, но откако одбил, американската морнарица интервенирала и го онеспособила, по што бродот бил ставен под американска контрола.

Ова е прво такво пресретнување откако минатата недела започна блокадата на иранските пристаништа.

Веста ја доведе во прашање претходната најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека американските преговарачи ќе се упатат кон Пакистан денеска на уште една рунда разговори со Иран и веднаш ја крена цената на нафтата на светските берзи.  Кревкото примирје меѓу САД и Иран истекува во среда.

 

Слични новости

Историски минимум за Трамп: Мнозинството Американци не се согласува со политиката на Белата куќа

Историски минимум за Трамп: Мнозинството Американци не се согласува со политиката на Белата куќа

Само 33 насто од испитаниците изјави дека го поддржува Доналд Трамп како претседател, додека дури 62 насто не ги одобруваат неговите потези. Особено е впечатливо дека дури 53 насто од анкетираните „силно се спротивставува“ на актуелниот курс на американската администрација.

Kувајтски танкер со нафта погоден во Дубаи

Kувајтски танкер со нафта погоден во Дубаи

Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот за нафта „ал-Салми“ бил погоден од „непознат проектил“ покрај брегот на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Фирмата вели дека пожарот на бродот е локализиран, целиот екипаж е безбеден и не е идентификувано никакво влијание врз животната средина.

Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег

Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег

Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.