Американското министертсво за внатрешна безбеднст денеска предложи странските студенти да плаќаат најмалку 70.000 долари надомест за обука, доколку сакаат да работат во САД.

Мерката е дел од пошироката кампања на претседателот Доналд Трамп насочена кон странците со работни визи.

Според овој предлог студентите со статус неимигранти би морале да платата 70.000 долари на акредитирана установа за обука на работно место, како и 30.000 долари за секоја дополнителна работна обука.

Во моментов дозволата за работа на странските студенти изнесува 500 долари. Се очекува мерката на американската влада, како и сите други контроверзни мерки досега да биде оспорена на суд.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.