САД привремено го стопираа разгледувањето на големиот пакет санкции против Русија пред посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва.

Предлог законот за санкциите врз Русија е повлечен од дневниот ред на Сенатот, што е јасен сигнал дека на Белата куќа во овој момент и се приоритет дипломатските односи со Русија во обид да се стави крај на војната во Украина.

Одлуката уследува откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е изненаден од новиот пакет американски санкции со оглед на тоа што за време на руско-американскиот самит во Аљаска било постигнато разбирање што треба да се направи за да се стави крај на војната во Украина.

Рускиот претседател Путин неодамна именуваше официјална преговарачка делегација за украинското прашање, што се толкува како негова подготвеност за дијалог и преговори.

Слични новости

Израел убил најмногу новинари во светот

Израел убил најмногу новинари во светот

Меѓународната новинарска организација Репортери без граници (Reporters sans frontières – RSF) во вторникот соопшти дека Израел е одговорен за смртта на речиси половина од сите новинари убиени оваа година во светот, при што 29 палестински новинари се убиени од нејзините сили во Газа