САД поништија визи на неколку странски државјани поради изјави поврзани со нападот врз десничарскиот активист Чарли Кирк, соопшти Стејт департментот. Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод атентат врз Кирк.

САД немаат обврска да бидат домаќини на странци кои им посакуваат смрт на Американците, истакна Стејт департментот и најави дека ќе продолжи да ги идентификува носителите на визи кои „го прославија гнасниот атентат“ врз Кирк.

Кирк беше застрелан на настан на Универзитет во американската сојузна држава Јута на 10 септември. Смртта на истакнатата конзервативна политичка и медиумска фигура имаше големо политичко влијание во САД.

 

Слични новости

Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години

Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години

Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди

Скарлет Јохансон во завршни преговори за да игра во новиот Бетмен

Скарлет Јохансон во завршни преговори за да игра во новиот Бетмен

По четири години кога за последен пат играше во филм со стрип јунаците на Марвел Скарлет Јохансон е на чекор да се врати во Готам. Како што известуваат холивудските медиуми, таа е во завршни преговори за да игра во Бетмен 2, секвелот на хитот на Мат Ривс од 2021