САД и Тајван потпишаа трговски договор според кој Вашингтон ќе ги намали тарифите за тајванската стока на 15%, додека Тајпеи се обврза на план за елиминирање или намалување на тарифите за речиси сите американски стоки.
Според одредбите од договорот, Тајван, исто така, се обврза да купува повеќе американски суровини и стоки во периодот од 2025 до 2029 година.
Меѓу другото, Тајван ќе купи течен природен гас во вредност од 44,4 милијарди долари, патнички авиони и мотори во вредност од 15,2 милијарди долари и опрема и генератори за електрична мрежа, поморска опрема и опрема за производство на челик во вредност од 25,2 милијарди долари од американски добавувачи.
САД ги намалија царините за тајванските производи од 20 на 15 насто, што се однесува и на чиповите кои се клучни за тајванската економија.
Слични новости
Европа стравува од нов царински удар на САД
Одлуката на Врховниот суд на САД да ги поништи дел од глобалните тарифи што ги воведе Доналд Трамп предизвика различен бран од реакции во Европа....
Трамп: Не планираме да враќаме пари на компаниите поради царините
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не планираат да враќаат пари на компаниите поради царините што беа воведени за низа странски држави, а кои Врховниот суд ги поништи во петокот.
Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати
Бројот на дизел возила во Европската Унија (ЕУ) во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат.


