Белоруската 27-годишна тенисерка Арина Сабаленка е прогласена за ВТА играчка на годината откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави во понеделникот управното тело за женски тенис.

Тенисерката број 1 во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, станувајќи само третата играчка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80 отсто од гласовите на меѓународните тениски новинари.

Во текот на годината, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, стигна до вкупно девет финалиња, постигна 63 победи и постави нов рекорд за награден фонд во една сезона со освојување на 15 милиони долари. Таа ја заврши сезоната со 63 победи и 12 порази.

За најдобар двојка беа прогласени Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД.

Тенисерка со најголем напредок е Американката Аманда Анисимова. Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги своите први титули на ВТА 1000 во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.

Повратничка на терените на годината е Швајцарката Белинда Бенчиќ, која се врати на тенисот по 13-месечно породилно отсуство, додека 19-годишната Канаѓанка Викторија Мбоко беше прогласена за дебитантка на годината.

globe

Слични новости

Трилер со осум гола на „Олд Трафорд“

Трилер со осум гола на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа еден од најдобрите натпревари во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата, а по серија пресврти натпреварот заврши вез победник 4:4