Првата тенисерка во светот Арина Сабаленка и втората на ВТА листата Елена Рибакина се пласираа во финалето на УС опен во женска конкуренција што се игра во Њујорк.
Сабаленка која е двократен последователен победник на УС Опен ја победи третата на ВТА листата Американката Џесика Пегула со 7:5 и 6:2 за еден час и 20 минути игра.
Рибакина во полуфиналето беше подобра од уште една домашна тенисерка Коко Гоф која е четврта на ВТА листата со 3:6, 6:4 и 6:4.
За Рибакина која победи на Австралија Опен, ова е прво финале на УС Опен.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
