Првата тенисерка во светот Арина Сабаленка и втората на ВТА листата Елена Рибакина се пласираа во финалето на УС опен во женска конкуренција што се игра во Њујорк.

Сабаленка која е двократен последователен победник на УС Опен ја победи третата на ВТА листата Американката Џесика Пегула со 7:5 и 6:2 за еден час и 20 минути игра.

Рибакина во полуфиналето беше подобра од уште една домашна тенисерка Коко Гоф која е четврта на ВТА листата со 3:6, 6:4 и 6:4.

За Рибакина која победи на Австралија Опен, ова е прво финале на УС Опен.

Слични новости

Ново шоу на Ламин Јамал Шпанија ја победи Хрватска со 4:1, Англичаните рутински ја победија Чешка 2:0

Ново шоу на Ламин Јамал Шпанија ја победи Хрватска со 4:1, Англичаните рутински ја победија Чешка 2:0

Репрезентацијата на Шпанија која е Светски првак ја оправда улогата на фаворит на мечот со Хрватска и победи со 4:1. Свое шоу имаше Ламин Јамал кој постигна два гола за Шпанија и беше асистент на еден гол.