Четворица американски војници загинаа за време на вежби во Литванија, изјави во средата генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за време на посетата на Варшава.
„Додека го држев мојот говор, дојде вест за смртта на четворица американски војници во инцидент во Литванија“, им рече Руте на новинарите, додавајќи дека сѐ уште не ги знае деталите.

Американската амбасада во Вилнус претходно во средата објави дека четворица американски војници исчезнале во вторникот попладнео и дека војската и полицијата на балтичката земја, заедно со американската војска, трагаат по нив.
Амбасадата на социјалната мрежа Х напиша дека војниците исчезнале на полигонот во близина на Пабраде во источна Литванија, блиску до границата со Белорусија.
Пријавено е дека „војниците од 1-та бригада, 3-та пешадиска дивизија изведувале планирана тактичка обука во моментот на инцидентот“.
Слични новости
Светот во исчекување на „царините на Трамп“
Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“
Поплави на Парос и Миконос
Грчките острови Парос и Миконос, популарни меѓу туристите во текот на летната сезона, во понеделникот вечерта беа погодени од поројни поплави
Кина одржува големи воени вежби околу Тајван
Кина го распореди својот носач на авиони „Шандонг“ и други воени бродови околу Тајван, соопшти во вторникот тајванското Министерство за одбрана, додека Пекинг најави воени вежби околу островот