Русија би можела да нападне земја членка на НАТО во наредните пет години, предупреди генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, во говор во Германија.

Тој истакна дека Москва ја засилува „прикриената кампања“ против западните општества и дека НАТО мора да биде подготвен за конфликт од размери невидени со генерации.

Коментарите на Руте се поклопуваат со анализите на западните разузнавачки служби за можни руски планови, кои Москва досега ги отфрлаше како хистерични тврдења.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека Русија не планира војна со Европа, но дека е подготвена да одговори доколку европските земји иницираат конфликт.

Москва ги обвинува европските држави дека ги попречуваат американските напори за мировно решение, особено по измените на првичниот мировен план на Трамп, за кој Кремљ тврдеше дека е поволен за Русија.

 

Слични новости

Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции

Сирски: Украина држи дел од Покровск, војниците се повлекуваат од некои позиции

Украинските војници држеа делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им беше наредено да се повлечат од непрактични позиции надвор од градот во изминатата недела, изјави во вторникот вечерта украинскиот врховен командант
Александар Сирски