Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вели дека разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос биле фокусирани исклучиво на безбедноста на Арктикот, а не на политичкиот статус на Гренланд.

По средбата е договорено сојузниците да работат на јакнење на копнените, поморските и воздушните капацитети на НАТО на Арктикот, вклучително и Гренланд.

Шефот на НАТО за „Фокс Њуз“ додаде дека САД ќе ги продолжат своите разговори со Гренланд и Данска, вклучително и за спречување на Русија и Кина да добијат пристап до економијата на Гренланд.

Трамп најави и дополнителни разговори поврзани со ракетниот одбранбен систем „Златна купола“, додека како можен компромис се споменува и изградба на нови американски воени бази на островот во соработка со Данска и НАТО.

 

Слични новости

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп тврди дека Иран бргу ќе се предаде

Трамп им кажал на сојузниците дека „се ослободил од рак кој им се заканувал на сите“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски гнев“ на состанокот на Г7 во средата наутро и ги уверувал дека војната во Персискиот залив нема долго да трае.