НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира, порача генералниот секретар Марк Руте од Подгорица, предупредувајќи дека во регионот постојат актери што се обидуваат да создадат нестабилност, додека Алијансата ќе ја препознае и ќе ѝ се спротивстави на секоја злонамерна активност на територијата на земјите членки.
Оваа порака генералниот секретар на НАТО Руте ја испрати за време на прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, во контекст на засилените безбедносни предизвици за Европа: руската агресија врз Украина, сè поагресивниот пристап на Кина и нестабилноста во јужното соседство на НАТО.
Според него, Западен Балкан останува простор во кој стабилноста не смее да се земе здраво за готово.
Слични новости
Израел го нападна Хезболах во Либан, над 30 мртви и стотици повредени во Бејрут
Според Министерството за здравство на Либан, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинаа 31 лице, а 149 се повредени.
Орбан и Фицо на заеднички фронт поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави консултаци со словачкиот премиер Роберт Фицо поради блокадата на транзитот на нафтата низ нафтоводот „Дружба“...
Следната рунда преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби
Украинскиот претседател Володијмир Зеленски изјави дека следната рунда преговори со Русија „најверојатно“ ќе се одржи во Абу Даби на почетокот на март.