НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира, порача генералниот секретар Марк Руте од Подгорица, предупредувајќи дека во регионот постојат актери што се обидуваат да создадат нестабилност, додека Алијансата ќе ја препознае и ќе ѝ се спротивстави на секоја злонамерна активност на територијата на земјите членки.

Оваа порака генералниот секретар на НАТО Руте ја испрати за време на прес-конференција со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, во контекст на засилените безбедносни предизвици за Европа: руската агресија врз Украина, сè поагресивниот  пристап на Кина и нестабилноста во јужното соседство на НАТО.

Според него, Западен Балкан останува простор во кој стабилноста не смее да се земе здраво за готово.

 

Слични новости

Локални избори во Велика Британија

Локални избори во Велика Британија

Локалните избори во Велика Британија во четврток, 7 мај, на кои имаат право на глас 30 милиони гласачи, се огромен тест за сите главни политички партии, но најмногу за Кир Стармер како премиер и лидер на Лабуристите.