Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност, изјави адвокатот и поранешен член на Антикорупциска комисија Драган Малиновски.
– Треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како пратениците во Собранието. Тоа е регулирано со Закон за Влада и сега тоа е таканаречен функционален имунитет и го штити од прогон за искажано мислење донесена одслука, но се разбира таа одлука треба да биде во рамките на дозволеното. Но, тоа не е апсолутна одлука, ако некој како член на Влада или како повеќемина членови на Влада донесат одлука која е базирана на некој коруптивен настан или за некој за што се има докази, во тој случај не ве штити секој одговара. Не е апсолутен имунитетот и не може како таков да се прифати, рече Малиновски во дебатата на Топ тема за случајот со Државна лотарија.
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.
Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.
-Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши, рече Рускоска.
По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.
Слични новости
Собранието го донесе вториот дел од Законот за задолжување од унгарскиот заем
Собранието со 68 гласови „за“ и 17 „против“, по скратена постапка го донесе Законот за задолжување на Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели
Бројот производи во „новогодишната кошница“ достигна 1.036, расте интересот на фирмите за приклучување кон акцијата
Бројот производи во „новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно денешниот ден достигна 1.036 производи. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, инфомираше меѓу другото министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши
Со европска помош се унапредува образованието на медицинските сестри и на акушерките
Здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4.700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри.