Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност, изјави адвокатот и поранешен член на Антикорупциска комисија Драган Малиновски.
– Треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како пратениците во Собранието. Тоа е регулирано со Закон за Влада и сега тоа е таканаречен функционален имунитет и го штити од прогон за искажано мислење донесена одслука, но се разбира таа одлука треба да биде во рамките на дозволеното. Но, тоа не е апсолутна одлука, ако некој како член на Влада или како повеќемина членови на Влада донесат одлука која е базирана на некој коруптивен настан или за некој за што се има докази, во тој случај не ве штити секој одговара. Не е апсолутен имунитетот и не може како таков да се прифати, рече Малиновски во дебатата на Топ тема за случајот со Државна лотарија.
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.
Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.
-Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши, рече Рускоска.
По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.
Слични новости
Мицкоски во вторник во Брисел: Немаме намера повеќе да правиме отстапки, ќе продолжиме да промовираме европски вредностиМицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во Европската унија
Муцунски најави професионализација на дипломатијата, подобрување на работењето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси
Шефот на македонската дипломатија стакна дека со овие предлог-законски измени се создава законска основа за реализација на два важни приоритети на – професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси
Коалиција „Вреди“: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ
Кога ДУИ зборува за ветинг, тоа е исто како да му сврти грб на постојаниот сојузник на Албанците, САД. Оваа партија има тенденција да ги исмејува и Албанците и нивниот постојан пријател. Не помина ниту една недела откако САД ја ставија на црна листа сенката на Али Ахмети, Артан Груби, реагираше во саботата коалицијата Вреди (Влен) застапена во Владата