Руски генерал е убиен во експлозија на автомобил во јужна Москва во понеделник наутро, соопшти Истражниот комитет на Русија, додавајќи дека истражува вмешаност на Украина.

Експлозивната направа била поставена под автомобилот и детонирана, соопштија истражителите.

Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за оперативна обука во Генералштабот, „им подлегна на повредите“, се вели во соопштението на комитетот.

Отворена е истрага за „убиство“ и „трговија со експлозиви“, според истиот извор.

Тие рекоа дека една од трагите што се истражува е „поврзана со украинските специјални служби“.

Од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, Киев постојано е обвинуван за извршување на целни напади врз поединци и воени функционери во Русија и во областите на Украина окупирани од Москва.

Во август 2022 година, автомобил-бомба ја уби Дарија Дугина, ќерка на филозофот Александар Дугин. Рускиот воен блогер Максим Фомин беше убиен во април 2023 година кога експлодираше статуа подарок во кафуле во Санкт Петербург.

Пред шест месеци, генерал Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руските вооружени сили, беше убиен во експлозија на автомобил во близина на Москва.

Командантот на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов, беше убиен во експлозија на електричен тротинет во Москва во декември 2024 година, а одговорноста за атентатот ја презеде Украинската служба за безбедност (СБУ).

globe

Слични новости

Трамп планира да поништи илјадници барања за азил

Трамп планира да поништи илјадници барања за азил

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна национална кампања за поништување илјадници барања за азил, тврдејќи дека овие луѓе би можеле да бидат депортирани и во земји различни од нивната татковина,

Киднапирани 28 лица  во Нигерија

Киднапирани 28 лица во Нигерија

Дваесет иосум лица, вклучувајќи жени и деца, беа киднапирани од вооружени лица во неделата навечер додека патувале на муслимански фестивал во централна Нигерија

Зеленски: Разговорите за завршување на војната се „многу блиску до вистински резултат“

Зеленски: Разговорите за завршување на војната се „многу блиску до вистински резултат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот доцна вечерта изјави дека преговорите со Соединетите држави и западноевропските земји со цел завршување на речиси четиригодишната војна со Русија се „многу блиску до вистински резултат