Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.

Сабаленка влезе лошо во мечот и Рибакина лесно го освои првиот сет, но потоа во вториот Арина Сабаленка почна да сервира многу силно, далеку посилно од нејзиниот просек на турнирот  и до 10-иот гем освои 18 од 19 поени кога го погодуваше првиот сервис.

Откако Сабаленка изедначи на 1:1 во вториот сет , таа заводе и со 3:0 во третиот сет, но потоа Рибакина направи фантаситечн кам-бек и од 0:3 успеа да освои 5 гема по ред за водство од 5:3 и победа во третиот сет.

Слични новости