Русија го зајакнува својот балистички арсенал со нови стратешки ракетни системи, планира да лансира ракета со максимален дострел и може да го зголеми бројот на тестови како одговор на растечките надворешни закани, рече висок функционер во понеделникот вечерта.

Во јасното предупредување дека Русија ќе одговори доколку почувствува дека нејзината безбедност е загрозена, командантот на руските стратешки ракетни сили, Сергеј Каракаев, рече дека се планирани пробни лансирања на ракети со максимален дострел како дел од новиот систем за тестирање.

„Што се однесува до дострелот, нема место до кое нашите ракети не можат да стигнат“, изјави Каракаев за весникот Краснаја звезда, а пренесува агенцијата РИА.

Додава дека Русија би можела да го зголеми интензитетот на напредните ракетни тестирања доколку надворешните закани продолжат да растат.

Каракаев, исто така, првпат јавно потврди дека Русија развива нов интерконтинентален балистички ракетен систем „Осина“ и дека вклучувањето на „Осина“ во борбените операции е приоритет.

Каракаев, без да даде детали, откри дека Русија е при крај со развојот на ракетен систем сличен на „Орешник“, нова суперсонична балистичка ракета со среден дострел.

Русија ја нападна Украина во „Орешник“ во ноември, како одговор на украинското истрелување американски и британски ракети со долг дострел на територијата на Русија.

Каракаев посочува дека новата програма за развој на оружје ќе разгледува неколку опции за развој на стратешко офанзивно оружје и ќе ги земе предвид сличните потези на САД по истекот на договорот за ограничување на нуклеарното оружје СТАРТ меѓу двете земји во 2026 година. Документот е потпишан на десет години (до февруари 2021 година) со можност за продолжување за период не повеќе од пет години. Вклучува одредба за излез.

Руските медиуми во октомври објавија дека Русија го суспендираше учеството во СТАРТ но не се повлече од него и продолжи со меѓусебни известувања со САД за лансирање интерконтинентални ракети, како што беше случајот и со лансирањето на „Орешник“. САД не успеаја да го продолжат договорот барајќи уште во 2017 година со него да биде опфатен и кинескиот нуклеарен арсенал што Пекинг го одби, имајќи го предвид кинеското заостанување во оваа сфера. Сега, пак, Москва бара во него да биде оопфатен целион нуклеарен арсенал на НАТО.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој првпат дојде на власт во САД во 2017 година, го нарече Новиот СТАРТ „едностран договор“. Тој тврдеше дека тоа е покорисно за Москва отколку за Вашингтон. Неговата администрација инсистираше на изготвување нов договор во кој ќе биде вклучена Кина, или на продолжување на договорот, но под услов тој да ги вклучи најновите видови стратешко и тактичко нуклеарно оружје, како и дополнителни механизми за верификација. Русија понуди да го продолжи документот без никакви предуслови.

Откако демократската администрација предводена од Џо Бајден ја презеде власта во 2021 година, Договорот беше продолжен без предуслови. На 26 јануари 2021 година, Русија и Соединетите држави разменија ноти за постигнување договор за негово продолжување за пет години (до 5 февруари 2026 година), а на 3 февруари белешки за завршување на внатрешните процедури неопходни за негово продолжување.

Откако демократската администрација предводена од Џо Бајден ја презеде власта во 2021 година, Договорот беше продолжен без предуслови. На 26 јануари 2021 година, Русија и Соединетите држави разменија ноти за постигнување договор за негово продолжување за пет години (до 5 февруари 2026 година), а на 3 февруари белешки за завршување на внатрешните процедури неопходни за негово продолжување.

Каракаев вели дека Русија, по истекот на СТАРТ, не исклучува зголемување на бројот на боеви глави на распоредените ракети, како одговор на слични потези на САД.

Тој, исто така, посочува дека и Москва и Вашингтон ќе продолжат да се предупредуваат 24 часа пред планираното пробно лансирање на интерконтинентални балистички ракети и лансирање балистички ракети од подморници.

globe

Слични новости

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес

Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.