Руската служба за надзор на комуникациите и медиумите Роскомнадзор го острани Востап од ДНС серверите, со што е оневозможено користењето на оваа апликација во земјата.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека одлуката е донесена поради одбивањето на компанијата Мета, која е споственик на Ватсап да се придржува до руските закони.

Како што пренесуваат „Ведемости“ Песков порачал дека Ватсап би можел да се врати во функција во Русија, но тоа зависи од почитувањето на законите и подготвеноста за дијалог.

Слични новости

Брисел размислува да го укине ветото

Брисел размислува да го укине ветото

Европската унија ја разгледува можноста за укинување на правото на вето во сферата на надворешната и безбедносната политика, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.