Русија изврши масивен напад на Киев рано утрово, предизвикувајќи сериозно пожари во повеќе делови на главниот град. Градоначалникот Виталик Кличко информира дека најмалку 11 лица се повредени, а петмина се хоспитализирани, вклучувајќи еден човек во критична состојба и бремена жена. Градските власти предупредија дека можни се прекини во снабдувањето со струја и вода.

Воздушните напади предизвикаа пожари и материјална штета во повеќе киевски општини, вклучувајќи оштетување на станбени објекти, приватни куќи и јавни згради. Во неколку случаи, гореа и медицински и едукативни објекти, а пожари се забележани и на отворени простори.

Нападот следи во време кога Европската Унија повикува Украина да продолжи со борбата против корупцијата, но истовремено гарантира продолжување на помошта додека Киев се обидува да го задржи отпорот кон руската инвазија.

Слични новости

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје