Киев соопшти дека во неделата покрена нова офанзива во регионот, но даде многу малку детали за офанзивата. Украинските и западните проценки зборуваат и дека во овој регион заедно со руските војници се борат околу 11.000 Севернокорејски војници, а Москва ниту ја потврди, ниту ја демантираше нивната присутност.
Два дена откако Украина изврши противнапад врз руската погранична област Курск, борбите во овој регион не престануваат. Москва тврди дека одговорила на нападот со артилерија и воздушните сили, а дека во понеделникот го спречи обидот за пробив на украинските сили.
Овие руски трвдења не се потврдени од независни извори, а Украина сеуште не ги коментира нејзините операции во курската област. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јармак изјави дека „стигнале добри вести од Курск“ и дека „Русија го добива она што го заслужува“.
Украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија претрпела тешки загуби во петте месеци борби со украинските сили во курскиот регион и дека таму загинале речиси 15.000 руски војници, иако не понуди докази за своите тврдења.
Украинските сили влегоа и зазедоа дел од рускиот регион на Курск во август 2024. Руските трупи ги потиснаа од некои регионо, но ги немаат сосема исфрлено од Русија.
На украинските трупи, наводн им недостигаат луѓе и тие последните месеци губат територии на истокот од земјата, додека руските трупи напредуваат.
Киев соопшти дека во неделата покрена нова офанзива во регионот, но даде многу малку детали за офанзивата. Украинските и западните проценки зборуваат и дека во овој регион заедно со руските војници се борат околу 11.000 Севернокорејски војници, а Москва ниту ја потврди, ниту ја демантираше нивната присутност.
Украинскиот врховен командант Олександар Сирски изјави дека според нивните проценки, руските трупи во 2024 имале 427.000 убиени и ранети, што ги надминува нивните загуби во 2022 и 2023. Најголемите загуби Русите, според украинските проценки, ги претрпеле во ноември и декември, близу 100.000 луѓе, затоа што Русија ги интензивирала нападите во Доњецк.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во текот на викендот изјави дека безбедносните гаранции кои водат до окончување на војната ќе бидат ефикасни само ако ги обезбедат Соединетите Држави под водство на Доналд Трамп. Тој го пофали влијанието што го има новиот американски претседател и сугерираше дека Трамп има механизми со кои би можел во брзо време да ја запре руската инвазија врз Украина.
Трамп, за време на предизборната кампања, ветуваше дека брзо ќе ја оконча војната во Украина, иако не соопшти детали како планира тоа да го изведе.
Владимир Зеленски изјави дека „Доналд Трамп и јас ќе се договориме и ќе понудиме силни безбедносни гаранции заедно со Европа, а потоа ќе може да разговараме со Русите“.
Францускиот претседател Емануел Макрон, пак , во понеделникот изјави дека Украина треба да биде реалистична во врска со територијалните прашања, предупредувајќи дека судирот нема да може да се реши, ниту лесно, ниту брзо.
Би Би Си
Слични новости
Рекордно жешката 2024., првата што го надмина прагот на затоплување од 1,5 степени Целзиусови
Минатата година беше најтоплата досега забележана и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците
Зошто Трамп го сака Гренланд и што мислат за тоа Гренланѓаните
Америка во повеќе наврати се обиде да ги набрка Данците од Гренланд и да го преземе како дел од Америка. Трамп, исто така, се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв мандат. Данска и владата на Гренланд ја отфрлија неговата понуда и му порачаа дека „Гренланд не е на продажба“.
Кој е Џозеф Аоун новиот претседател на Либан
Командантот на либанската војска Џозеф Аоун стана нов претседател на Либан. Тој стана 14 претседател на Либан, по вакуум на претседателската позиција повеќе од две години.