Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од поголем дел од половината на пошироката област на Лондон минатиот месец, пишува Reuters повикувајчи се на изјави на аналитичарите и воените блогери.
Војната влегува во она што некои руски и западни официјални лица велат дека може да биде најопасно, откако руските сили постигнаа некои од нивните најголеми територијални придобивки и САД му дозволија на Киев да возврати со американски ракети со долг дострел.
„Русија постави нови седмични и месечни рекорди во големината на окупираната територија во Украина“, ја цитира Reuters независната руска новинска куќа Агентство.
Руската војска минатата седмица окупираше речиси 235 квадратни километри во Украина, што е семичен рекорд за 2024 година, се додава во извештајот. Руските сили зазедоа 600 квадратни километри во ноември, се додава, цитирајќи податоци од DeepState, група блогери тесно поврзана со украинската војска која ги проучува борбените снимки и обезбедува мапи на бојното поле.
Русија започна побрзо напредување во источна Украина во јули, токму кога украинските сили зазедоа дел од нејзиниот западен регион Курск. Оттогаш, рускиот напредок е забрзан, според достапните мапи. Руските сили се движат во градот Курахов, отскочна даска кон логистичкиот центар Покровск во Доњецк, и ја искористуваат ранливоста на трупите на Киев долж линијата на фронтот, велат аналитичарите.
„Руските сили неодамна напредуваа со значително побрзо темпо отколку во цела 2023 година“, велат во извештајот аналитичарите од Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон.
Генералштабот на украинските вооружени сили објави во својот извештај од понеделникот дека таа вечер се воделе 45 битки со различен интензитет долж Кураховскиот дел од фронтот. Во извештајот на Институтот за проучување на војната и проруски воени блогери се вели дека руските трупи се во Курахово. Во понеделникот, DeepState на својата апликација за пораки Telegram објави дека руските сили се во близина на Курахив (Курахово) .
„Напредокот на руските сили во југоисточна Украина во голема мера е резултат на откривањето и тактичката експлоатација на ранливости на украинските линии“, велат аналитичарите на Институтот во својот извештај.
Русија вели дека ќе ги постигне сите свои цели во Украина без оглед на тоа што вели или прави Западот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти главните цели на рускиот претседател Владимир Путин се да го окупира целиот Донбас, кој ги опфаќа регионите Доњецк и Луганск, и да ги истисне украинските војници од регионот Курск, чии делови ги контролираат од август.
Слични новости
Успонот на Илон Маск е одраз на нашите неофеудални времиња
Овој неофеудален систем се очитува во денешниот незапамтен пораст на глобална нееднаквост. Од 80-те нееднаквоста на приходите, нагло е зголемена ширум светот.
Русија тврди дека новиот напад на Украина врз Курск е запрен
Два дена откако Украина изврши противнапад врз руската погранична област Курск, борбите во овој регион не престануваат. Москва тврди дека одговорила на нападот со артилерија и воздушните сили, а дека во понеделникот го спречи обидот за пробив на украинските сили.
Протести во Црна Гора поради масовното убиство во Цетиње
Повеќе илјади луѓе се насобраа во Подгорица и Цетиње на протестите во неделата барајќи оставки од функционерите поради масовното злосторство во кое на 1 јануари беа убиени 12 луѓе во Цетиње, меѓу кои и две деца.