Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од поголем дел од половината на пошироката област на Лондон минатиот месец, пишува Reuters повикувајчи се на изјави на аналитичарите и воените блогери.
Војната влегува во она што некои руски и западни официјални лица велат дека може да биде најопасно, откако руските сили постигнаа некои од нивните најголеми територијални придобивки и САД му дозволија на Киев да возврати со американски ракети со долг дострел.
„Русија постави нови седмични и месечни рекорди во големината на окупираната територија во Украина“, ја цитира Reuters независната руска новинска куќа Агентство.
Руската војска минатата седмица окупираше речиси 235 квадратни километри во Украина, што е семичен рекорд за 2024 година, се додава во извештајот. Руските сили зазедоа 600 квадратни километри во ноември, се додава, цитирајќи податоци од DeepState, група блогери тесно поврзана со украинската војска која ги проучува борбените снимки и обезбедува мапи на бојното поле.
Русија започна побрзо напредување во источна Украина во јули, токму кога украинските сили зазедоа дел од нејзиниот западен регион Курск. Оттогаш, рускиот напредок е забрзан, според достапните мапи. Руските сили се движат во градот Курахов, отскочна даска кон логистичкиот центар Покровск во Доњецк, и ја искористуваат ранливоста на трупите на Киев долж линијата на фронтот, велат аналитичарите.
„Руските сили неодамна напредуваа со значително побрзо темпо отколку во цела 2023 година“, велат во извештајот аналитичарите од Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон.
Генералштабот на украинските вооружени сили објави во својот извештај од понеделникот дека таа вечер се воделе 45 битки со различен интензитет долж Кураховскиот дел од фронтот. Во извештајот на Институтот за проучување на војната и проруски воени блогери се вели дека руските трупи се во Курахово. Во понеделникот, DeepState на својата апликација за пораки Telegram објави дека руските сили се во близина на Курахив (Курахово) .
„Напредокот на руските сили во југоисточна Украина во голема мера е резултат на откривањето и тактичката експлоатација на ранливости на украинските линии“, велат аналитичарите на Институтот во својот извештај.
Русија вели дека ќе ги постигне сите свои цели во Украина без оглед на тоа што вели или прави Западот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти главните цели на рускиот претседател Владимир Путин се да го окупира целиот Донбас, кој ги опфаќа регионите Доњецк и Луганск, и да ги истисне украинските војници од регионот Курск, чии делови ги контролираат од август.
Слични новости
Кој е Џозеф Аоун новиот претседател на Либан
Командантот на либанската војска Џозеф Аоун стана нов претседател на Либан. Тој стана 14 претседател на Либан, по вакуум на претседателската позиција повеќе од две години.
Забраната на Тик-Ток во Албанија го отвори прашањето за владеењето на правото
Во ЕУ, секаква забрана за дигитални сервиси се смета за последна можност и тоа во однос на транспарнетноста и обврските кон законските регулативи, а не како одговор на изолирани инциденти врзани со онлајн контент.
ЕУ ја одбегнува темата околу предлогот на Трамп САД да извршат инвазија врз Гренланд
Комисијата се најде на силна критика од новинарите, кои ја обвинија ЕУ која вели дека нејизниот суверенитет е светост, а од друга страна не сака да ја коментира целосно јасната закана од следниот претседател на САД. „Навистина што чекате? Чекате САД да истовари маринци врз Гренланд? “