Русија и Украина се согласија да ги прекинат воените дејствија во Црното Море, објави во вторникот Белата куќа, наведувајќи детали од разговорите одржани во Саудиска Арабија.

Соединетите држави објавија дека постигнале засебни договори со Украина и со Русија за да се обезбеди безбедна пловидба во Црното Море и за спроведување на забрана за напади врз енергетски објекти во двете земји.

Двете земји се согласија дека „ќе биде гарантирана безбедноста на пловидбата во Црното Море, дека ќе се воздржат од употреба на сила и дека ќе спречат употреба на комерцијални бродови за воени цели“, соопшти американската влада, која посредуваше во преговорите.

Соединетите држави, кога станува збор за Украина, исто така ветуваат „ќе ги поддржат напорите насочени кон размена на затвореници, ослободување цивили и враќање на присилно раселените украински деца“.

Русија, која во моментов е под бројни санкции, може да смета на поддршката од Белата куќа кога станува збор за „рускиот пристап до глобалниот пазар за извоз на земјоделски производи и вештачки ѓубрива, намалување на трошоците за поморско осигурување и подобрување на пристапот до пристаништата и платните системи за овие трансакции“.

За време на разговорите, САД „повторија дека претседателот Доналд Трамп безусловно сака да стави крај на загубата на животи на двете страни“.

Вашингтон „ќе продолжи да организира преговори меѓу двете страни за на крајот да се постигне мирен исход“, се вели во најавите.

Американската администрација во соопштение му се заблагодари на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, во чија земја се водеа преговорите.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека Киев ги поддржува двата договори за прекин на огнот со Русија објавени од САД во вторникот и дека Украина ќе ги пречека третите земји да го следат спроведувањето на договорите. Во објавата на Х, Умеров напиша дека Украина ќе го смета секое движење на бродови на руската морнарица надвор од источниот дел на Црното Море за прекршување на договорот и дека доколку се случи такво нешто, ќе си дозволи право на самоодбрана.

Во неделата и понеделникот, Соединетите држави одржаа одделни разговори за војната во Украина со украинските и руските делегации во Саудиска Арабија.

Кремљ претходно во вторникот рече дека нема да бидат објавени резултатите од преговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад нема да бидат објавени, бидејќи станува збор за технички преговори.

Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, изјави во вторникот за агенцијата ТАСС, Григроиј Карасин, член на руската делегација на разговорите во Ријад.

„Се разговараше за сѐ – дијалогот беше интензивен и предизвикувачки, но многу полезен за нас и за Американците“, изјави рускиот сенатор Карасин, додавајќи дека се разговарало за многу прашања.

„Генерално, впечатокот беше дека стануваше збор за конструктивен дијалог, кој е итно потребен. За тоа се заинтересирани и Американците“, рече Карасин..

globe

Слични новости

Претреси за прибирање доказни материјали од канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница

Претреси за прибирање доказни материјали од канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница

Во рамки на увидот што бил направен во Кочани, службените лица прибирале доказни материјали поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, а сличен претрес е направен и во Виница, со оглед што од таму се поранешниот и актуелниот раководител во Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион,

Претреси и други дејствија во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

Претреси и други дејствија во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

Истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина

ОН ќе бидат вклучени во американско-руските преговори за Украина

Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјавил за агенцијата ТАСС член на руската делегација на разговорите