Русија и Украина ја разменија првата група воени заробеници, вклучувајќи ги и оние под 25 години, објавија во понеделник украинскиот претседател Володимир Зеленски и руското Министерство за одбрана, потсетувајќи дека размената е резултат на директни преговори меѓу двете страни.

„Денешната размена започна и ќе се спроведува во неколку фази во наредните денови“, напиша Зеленски на Telegram, додавајќи дека некои од разменетите затвореници се сериозно ранети и помлади од 25 години.

Ова е првата група што ќе биде разменета по втората рунда разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул на 2 јуни.

Двете страни се согласија да разменат најмалку 1.200 воени заробеници од секоја страна, првенствено помлади борци и сериозно ранети, и да вратат илјадници тела на војници убиени во војната.

Размената на заробеници и враќањето на телата на загинатите е едно од ретките нешта за кои двете страни успеале да се договорат.

Руското Министерство за одбрана не соопшти колку воени заробеници се разменети, но потврди дека двете страни размениле еднаков број воен персонал.

Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, претходно изјави дека на Украина ѝ е даден првиот список со имиња од 640 воени заробеници.

globe

Слични новости

Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа

Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа

Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.