Русија и Украина ја разменија првата група воени заробеници, вклучувајќи ги и оние под 25 години, објавија во понеделник украинскиот претседател Володимир Зеленски и руското Министерство за одбрана, потсетувајќи дека размената е резултат на директни преговори меѓу двете страни.
„Денешната размена започна и ќе се спроведува во неколку фази во наредните денови“, напиша Зеленски на Telegram, додавајќи дека некои од разменетите затвореници се сериозно ранети и помлади од 25 години.

Ова е првата група што ќе биде разменета по втората рунда разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул на 2 јуни.
Двете страни се согласија да разменат најмалку 1.200 воени заробеници од секоја страна, првенствено помлади борци и сериозно ранети, и да вратат илјадници тела на војници убиени во војната.
Размената на заробеници и враќањето на телата на загинатите е едно од ретките нешта за кои двете страни успеале да се договорат.
Руското Министерство за одбрана не соопшти колку воени заробеници се разменети, но потврди дека двете страни размениле еднаков број воен персонал.
Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, претходно изјави дека на Украина ѝ е даден првиот список со имиња од 640 воени заробеници.
Слични новости
Денеска нов ракетен напад на Иран врз Израел, Техеран најавува и напади врз американските воени бази на Блискиот исток
Според дописниците на светските агенции, експлозии се слушнале и во Тел Авив. Израелските медиуми јавуваат дека ракета паднала во градот, а претходно беше пријавена силна експлозија во Ерусалим.
Кац: Иран ги премина црвените линии со напади врз цивилни центри во Израел
Ќе продолжиме да ги браниме граѓаните на Израел и ќе обезбедиме режимот на Ајатолахот да плати многу висока цена за своите гнасни постапки, ја пренесуваат израелските медиуми изјавата на министерот Кац
Во иранските напади убиени тројца, а ранети 80 Израелци, Техеран и Ерусалим најавуваат продолжување на војната
Официјален Ерусалим соопшти дека во синоќешните два брана напади од Иран врз Израел со околу 150 балистички ракети биле убиени тројца луѓе, а 80 се ранети. Неколкумина од ранетите се во тешка состојба, соопштија израелските власти