Кина во ноември купи рекордно количество злато од Русија. Најголемиот износ било кога во билатералната трговија изнесува 961 милион долари, известуваат медиумите, повикувајќи се на податоците на царината на Кина.
Ова е втор месец по ред испораките на злато од Русија да бидат толку големи. Во октомври тие изнесуваа 930 нилиони долари. За споредба, во минатата година најголемата вредност на една испорака беше 223 милиони долари.
За само 11 месеци, увозот на руско злато во Кина достигна рекордни 1,9 милијарди долари, што е девет пати повеќе отколку претходната година.
Слични новости
Цените на нафтата се стабилизираа на 60 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на 60 долари на меѓународните пазари, балансирајќи меѓу ризиците за снабдувањето од Венецуела поради блокадата на САД и очекувањата за вишок следната година
Виетнам ја модернизира железничката инфраструктура долж границата со Кина
Виетнам во петокот започна со изградба на неколку големи инфраструктурни проекти, вклучително пет станици во железничкиот систем што го поврзува со Кина
Германците воздржани во плановите за зимски одмор
Германците се воздржани во своите планови за патување и одмор за зимските одмори оваа година поради повисоките трошоци и економската неизвесност


