Русија им претставила на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите со Вашингтон, тврделе за Reuters две лица запознаени со ова прашање. Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата, наведува агенцијата.

Руските и американските официјални лица разговараа за условите за време на личните и виртуелни разговори во текот на изминатите три седмиции, велат изворите. Тие ги опишале условите на Кремљ како широки и слични на барањата што претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека американските претставници одат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и пат кон мировни преговори.

Претходните најавуваните руски услови го ислучуваа членството на Украина во НАТО, договор да не се распоредува странски војници во Украина и меѓународно признавање на тврдењето на претседателот Владимир Путин дека црноморскиот полуосторв Крим и четирите покраини ѝ припаѓаат на Русија.

Русија, исто така, повеќе од деценија бара од САД и НАТО да се занимаваат со, како што ги нарекува „основните причини“ на војната, вклучувајќи го и проширувањето на НАТО кон исток.

Трамп го чека одговорот на Путин за тоа дали ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот што украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот рече дека ќе го прифати како прв чекор кон мировните преговори. Согласноста на Путин за можен договор за прекин на огнот сѐ уште е неизвесна, а деталите допрва треба да се финализираат.

Некои американски функционери, пратеници и експерти стравуваат дека Путин, поранешен офицер на разузнавачката служна КГБ, ќе го искористи прекинот на огнот за да го засили, како што велат, обидот да ги подели САД, Украина и Европа и да ги поткопа сите преговори. Меѓутоа, токму Москва посочува дека сите примирја досега од почетокот на украинската криза по превратот во март 2014 година, Киев и неговите западни сојузници ги искористеле да се прегрупираат и зајакнат своите воени сили.

Руската амбасада во Вашингтон и Белата куќа не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Во Киев, украинскиот претседател Зеленски го поздрави овонеделниот состанок во Саудиска Арабија меѓу американските и украинските претставници како конструктивен и рече дека потенцијалниот 30-дневен прекин на огнот со Русија може да се искористи за да се постигне поширок мировен договор.

Москва постави многу од овие слични барања во изминатите две децении, а за некои дури и влезе во формални преговори со САД и Европа. Москва претходно разговараше за нив со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден на серија состаноци кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, додека десетици илјади руски војници беа на украинската граница и чекаа наредба за инвазија. Тие вклучуваа барања кои ќе ги ограничат воените операции на САД и НАТО од Источна Европа до Централна Азија, толкува Reuters.

Иако отфрли некои од условите, администрацијата на Бајден се обиде да ја спречи инвазијата со соработка со Русија за неколку од нив, погрешно се тврди според документите на американската влада прегледани од Reuters и повеќе поранешни американски функционери. Напорите не успеаја и Русија нападна на 24 февруари 2022 година.

Американските и руските официјални лица во последните седмици изјавија дека нацрт-договорот за кој Русија и Укриана разговараа во Истанбул во март 2022 година, може да биде почетна точка за мировните преговори. Меѓутоа, тогаш руските војски се повлекоа од пред Киев, каде ненајавено дојдоа тогашниот британски премиер Борис Џонсон и тогашниот американски министер за одбраната Лојд Остин по што Укриана се откажа од мировниот договор и тргна во жестока офанзива.

Западниот притисок врз Киев да го отфрли тој мировен договор изминатите години беше потврдено од многу западни и украински политичари.

Во овие разговори, Русија побарала Украина да се откаже од амбициите за НАТО и да прифати постојан статус без нуклеарно оружје. Тие побараа и вето на акциите на земјите кои сакаат да ѝ помогнат на Украина во случај на војна.

Администрацијата на Трамп не објасни како им пристапува на преговорите со Москва. Двете страни, потсетува Reuters, водат два одделни разговори – едната за ресетирање на американско-руските односи, а другата за мировниот договор во Украина.

globe

Слични новости

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки

Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада