Во раните утрински часови во средата, руската војска извршила ракетен напад врз Киев, објавија украинските власти, а пренесува Reuters.
„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, објави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало во нападот, а избувнале и неколку пожари во станбени и нестанбени згради.
Предупредувањето за воздушен напад се појави дури на самиот почеток на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела радарски навреме да го открие нападот. Сè уште не е официјално познато кои проектили употребила руската војска во оваа прилика.
Новинарите на Reuters известија за бројни експлозии кои звучеле како украинската противвоздушна одбрана.
Слични новости
Трамп очекува наскоро договор за минералите со Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека очекува наскоро да биде потпишан американско-украинскиот договор за поделба на приходите од клучните минерали во Украина
Гренландските лидери ја критикуваат посетата на американската делегација
Гренландските лидери ја критикуваа најавената посета на висока американска делегација на полуавтономната данска територија што претседателот Доналд Трамп сака да ја присоедини на Соединетите држави
Калас: ЕУ против „нова ескалација“ на Блискиот исток, неопходно е враќање на примирјето
Израелските напади врз Сирија и Либан може да доведат до „нова ескалација“ во регионот, изјави во понеделникот во Ерусалим шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, по пристигнувањето во Израел, таа најави дека од одговорните ќе побара „итно враќање“ на примирјето во Газа