Во раните утрински часови во средата, руската војска извршила ракетен напад врз Киев, објавија украинските власти, а пренесува Reuters.
„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, објави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало во нападот, а избувнале и неколку пожари во станбени и нестанбени згради.
Предупредувањето за воздушен напад се појави дури на самиот почеток на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела радарски навреме да го открие нападот. Сè уште не е официјално познато кои проектили употребила руската војска во оваа прилика.
Новинарите на Reuters известија за бројни експлозии кои звучеле како украинската противвоздушна одбрана.
Слични новости
Украинските и американските делегации почнаа разговори во Саудиска Арабија
Украинските и американските делегации започнаа разговори во Саудиска Арабија, на кои агендата вклучува предлози за заштита на енергетските капацитети и критичната инфраструктура, изјави во неделата украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров
Митева и Љатифи-Азизи: Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со невиден интензитет
Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна – порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи.
Папата излезе од болница, се појави во јавноста првпат по речиси два месеца
Папата Франциско беше отпуштен од болницата Џемели во Рим во неделата по повеќе од пет седмици хоспитализација поради двојна пневмонија