Руските сили синоќа ја нападнаа Украина со вкупно 294 дронови, од кои украинската воздушна одбрана уништи или неутрализираше 269. Нападот сè уште траеше во утринските часови, а неколку руски дронови сè уште беа во украинскиот воздушен простор, пишува Украинска правда.
Украинските одбранбени сили соборија или електронски онеспособија 269 камикази дронови од типот Шахед, Гербера и Италмас, како и мамки дронови од типот Пароди.
Тие дејствуваа во северниот, јужниот, централниот и источниот дел од земјата. Руските сили исто ја нападнале и критичната и станбената инфраструктура во реонот на Измаил,.
Во овие напади неколку лица беа повредени.
Слични новости
Синиша Каран избран за нов претседател на Република Српска
Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија Синиша Каран освоил 50,54 насто од гласовите, а неговиот противкандидат Бранко Блануша 48,09 насто.