Руските сили синоќа ја нападнаа Украина со  вкупно 294 дронови, од кои украинската воздушна одбрана уништи или неутрализираше 269. Нападот сè уште траеше во утринските часови, а неколку руски дронови сè уште беа во украинскиот воздушен простор, пишува Украинска правда.

Украинските одбранбени сили соборија или електронски онеспособија 269 камикази дронови од типот Шахед, Гербера и Италмас, како и мамки дронови од типот Пароди.

Тие дејствуваа во северниот, јужниот, централниот и источниот дел од земјата. Руските сили исто  ја нападнале и критичната и станбената инфраструктура во реонот на Измаил,. 

Во овие напади неколку лица беа повредени.

 

 

Слични новости

Украина силно возврати по нападите од Русија

Украина силно возврати по нападите од Русија

Украина синоќа возврати со голем напад со беспилотни летала врз руска воена и енергетска инфраструктура, само ден по смртоносниот руски ракетен напад врз Киев во кој загинаа најмалку 21 лице.